13 C
Ohrid
вторник, октомври 20, 2020
Почетна Забава Нема да ви се верува кога ќе видите колку заработуваат балканските јутубери....

Нема да ви се верува кога ќе видите колку заработуваат балканските јутубери….

Translate (Eng):[gtranslate]

Профитабилен бизнис каде што не моравте да плаќате данок, барем досега. Веста дека официјалниот Фејсбук профил на Министерството за финансии на Република Србија упати повик за “Самоиницијативно пријавување на приходи од иностранство” предизвика голема реакција.

Како што Министерството за финансии оваа недела објави Нацрт за законот за дигитален имот, многумина се запрашаа како тие ќе се однесуваат кон српската Јутјуб сцена.

Најпознатите интернет ѕвезди во Србија како што се Бака Прасе, Муџа, Зоранах, Сара ТКД и многу други месечно заработуваат од 30.000 евра, па до драстично поголеми цифри – од над 100.000 евра.

РЕКЛАМА

Тоа се воглавно приходи од спонзорски договори и прегледи на видео снимки на социјалните мрежи Јутјуб или Инстаграм.

Српската јутјуберка, Вања Вељич, која е позната како Ва Вана открила дека на само 20 години успеала да заработи пари со кои си купила стан и луксузен автомобил: “Започнав да објавувам клипови на Јутјуб и Инстаграм пред пет години, кога започнуваше целиот тој тренд. Видов дека ме следат се повеќе луѓе и дека им се допаѓа она што го правам. Пред четири години за прв пат добив понуда, кога ме повика еден јутјубер да му поставам нешто на својот Инстаграм, верувајте ми дека побарав само 10 евра. Со тек на време започнаа да ме контактираат поголеми компании да ги рекламирам на Инстаграм или Јутјуб, без разлика дали е во прашање некоја слика или видео, за тоа плаќаа по неколку стотици евра. Минатата година потпишав и годишен договор со еден производител на мобилни телефони вреден илјадници евра. Тоа е само една таква компанија, не би сакала да зборувам за точните бројки, но можам да кажам дека во последните неколку години заработив за еден стан и автомобил” – изјавила Ва Вана и истакнала дека нејзината работа не е лесна и дека на 17 години започнала сам да преговара и договара бизнис зделки.

Што им се плаќа на јутјуберите и инфлуенсерите?

Поставување линкови со реклама

Поставување фотографии

Поставување Инстаграм сториња

Спомнување на фирмата на Инстаграм

Спомнување на производот во видео на Јутјуб или Инстаграм

Давање рецензија со видео

Јутјуберот Анрија Јовиќ, познат како Андрија Јо истакнува дека некој бркаат реклами, а некои прегледи: “Снимам за Јутјуб веќе пета години, но не започнав веднаш да заработувам, ми требаше многу време. Заработката е индивидуална за секој, некој работи повеќе кампањи и реклами, а некој пак објавува повеќе клипови па заработува повеќе од прегледи. Мене лично повеќе ми се исплаќаат реклами и кампањи бидејќи ретко снимам видео клипови, но знам примери и кога прегледите се прилично исплатливи. Неблагодарно е да се зборува за заработката, која секој месец е различна за една личност, а камоли пак за секој јутјубер поединечно”, изјавил Андрија Јо.

Годишна заработка на најпознатите српски јутјубери

7. Марија Жежељ – 15.600

6. Јана Дачовиќ – 36.300

5. Зоранах – 49.000

4. Сербиан Гејмс – 132.500

3. Анџела и Нада – 440.000

2. Муџа – 642.700

1. Бака Прасе – 936.900

Цифрите се искажани во долари, без заработка од реклами и кампањи, а податоците се извлечени од сајтот SocialBlade кој се занимава со аналитика на заработката на социјалните мрежи. Трбеа да се истакне дека овие податоци ја покажуваат максималната вредност која јутјуберот може да ја заработи.

Извор: Zase

- Реклами -