10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаШестмина прилепчани завршија во притвор за убиство на сограѓанин !!

Шестмина прилепчани завршија во притвор за убиство на сограѓанин !!

spot_img

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против шест лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“

<

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против шест лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, извршено на 14-ти овој месец на ул. „Дебарца“.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи – ОВР Прилеп на 15.10.2020 поднесе кривична пријава против Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А. (26), Џ.Л. (54), С.А. (23) поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и кривично дело „тешка телесна повреда“ по чл. 131 од КЗ. На 14.10.2020 околу 20.30 часот на ул. Дебарца во близина на куќата на А.С., најнапред настанала расправија меѓу С.Б. и М.Л. поради навреди упатени од М.Л. кон сопругата на С.Б., по што се приклучиле и Е.Б., брат на С.Б., како и роднините на М.Л. (С.А., М.А., С.А., Д.А., Џ.Л. и С.К.). Притоа со повреди од остар предмет се здобил Е.Б. (31) и бил пренесен во градската болница. Потоа неговиот брат С.Т. ги известил роднините Т.Б., А.Б., Е.Б. и А.Б., по што пред куќата на Џ.Л. настанала физичка пресметка, при што Т.Б. се здобил со повреди на главата, од кои набрзо починал, информираат од МВР.

По преземени мерки од полициски службеници, биле приведени Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23), а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...