10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаШахпаска: Не се знае до кога ќе бидат отворени градинките, можно е...

Шахпаска: Не се знае до кога ќе бидат отворени градинките, можно е повторно затворање.

spot_img

Нема по секоја цена да останат отворени градинките, доколку бројот на позитивни случаи од корионавирусот се зголемува во земјава, порача денеска од Штип, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

<

Посочи дека од 9 септември, па до денес состојбата во градинките се следи на дневна основа, а одлуките ги донесуваат заедно со Комисијата за заразни болести и Владата.
– Мојата последна реченица беше не по секоја цена ќе ги чуваме отворени градинките, ако видиме дека бројот на позитивни случаи се зголемува во земјава. Здравствената состојба на 15 дечиња, кои беа позитивни од денот на отварање на градинките 9 септември, а и на 45 вработени заклучно до 15 октомври, говори дека состојбата се уште е под контрола. Дечињата инфекцијата не ја стекнале во градинките, за тоа говорат епидемиолозите, бидејќи во нивните семејства бил присутен вирусот – изјави Шахпаска.

Таа истакна дека здравствената состојба на вработените во градинките, кои се зарзени е добра, а голем дел од нив веќе се излекувани и се вратени на работните места. Прашана за сотојбата во градинката „Росица“ во Скопје, Шахпаска одговори дека 44 деца се ставени во изолација, а оваа одлука е донесена од страна на епидемиолошките служби.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...