8.9 C
Ohrid
понеделник, март 17, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев за Богдановиќ: Градоначалникот убаво си кажа, јас ја сакам мојата Република...

Заев за Богдановиќ: Градоначалникот убаво си кажа, јас ја сакам мојата Република Северна Македонија, иако правеше свадба во Косово.

spot_img

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека осудува провокации од било каков тип, доколку ги имало на свадбата на градоначалникот на општина Центар кој викендот се венчаше во Грачаница.

<

Во изјавите на Богдановиќ, премиерот не можел да препознае такво нешто.

– Внимателно ги читав изјавите на градоначалникот на Центар кој доаѓа од редовите на СДСМ. Јасно кажа дека не чувствува дека тоа тука му е забрането во православните храмови. Тој тврди дека не сака ниту да ги поддржи, ниту нешто посебно да коментира за поединци коишто биле гости на свадбата. Тој се оградува. Вели – јас ја сакам мојата Република Северна Македонија, живеам овде, имам голема чест да бидам градоначалник. Тоа е она што навистина го читав – рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој рече дека земјава ги почитува сите соседи и поттикнува дијалог што носи мир на Балканот.

– Односот што значи провокација меѓу кој било од нашите народи на Балканот, не го поддржувам и се оградувам од него. Апелирам на внимателност. Ние сакаме да бидеме Европа во периодот којшто претстои пред нас. Треба европски да се однесуваме и меѓусебно да се почитуваме – истакна Заев и најави дека одлуките за идните кандидати за градоначалници ќе се носат кон крајот на летото бидејќи локалните избори се во октомври следната година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кошаркарот на Дино Баскет, Петар Ивановски, е меѓу жртвите кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката во Кочани

Кошаркарот на третолигашот Дино Баскет, Петар Ивановски, е меѓу жртвите кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката во Кочани, во која починаа 59...

Ребека: Состојбата на Панчо е влошена, моментално е на апарати.

Драги и почитувани пријатели, Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир, Панчо, мојот мал Буцо...

Го славел раѓањето на синот и го загубил животот во пожарот во Кочани

Еден од загинатите во трагедијата во Кочани е 30-годишниот Тоше Богданов. Според српски Телеграф, Богданов излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето...

Херојот што не ја напушти дискотеката: Виктор Јорданов загина спасувајќи животи

Во моментите на страв и паника, додека сите се обидувале да се спасат, Виктор Јорданов останал на своето место, борејќи се со пламените јазици....