4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев- Ми кажаа докторите -вирусот е летечки затоа мора маска и на...

Заев- Ми кажаа докторите -вирусот е летечки затоа мора маска и на отворено

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата ќе ја усвои препораката да се носи маска на отворено која по предлог на Комисијата за заразни болести ќе се разгледува денеска на владина седница. Премиерот Зоран Заев изјави дека вчера на состанокот со членовите на комисијата, се убедил во нивните аргументи дека дел од заштитата е и носењето маска на отворено.

<

„Имаат аргументации за таа одлука. Вирусот е летечки, при движење го креваме нагоре. Не значи дека сме безбедни ако седат надвор двајца и не носат маска исто така. Знам, има на социјалните мрежи реакции, има и сугестии. Еве и јас некогаш имам порив да кажам, аман и ова ли. Сепак во Комисијата има експерти и ние нив треба да ги слушаме. Инаку носат мерки кои се слични и како секаде во светот и нивното мислење треба да го почитуваме, рече Заев.

Освен првиот пакет рестриктивни мерки, денеска Владата ќе дискутира и за вториот пакет, со кој се препорачува крај на работното време во 23 часот за сите економски оператори, како и намалување на капацитетот на патници во автобусите до 50 проценти. Администрацијата ќе работи од дома онлајн или во смени или пак по принцип на ротации

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...