13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаХасани: ''Да се тестираат сите што биле на свадба кај внуката од...

Хасани: ”Да се тестираат сите што биле на свадба кај внуката од Амди Бајрам и на свадбата од Саша, мерките мора да важат за сите поденакво” !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Рестриктивните мерки се единствени мерки со кои може да се спречи ширење на инфекцијата од Ковид-10. Ние се наоѓаме во разумна долна граница на рестриктивни мерки, но ако бројката на новозаболени се зголемува, постои можност да ги засилиме, посочи вечерва заменик министерот за зравство, Илир Хасани.

<

Според Хасани, непопуларно е да се зборува за социјалните мерки, особено за рестриктивните мерки во однос на движење на граѓаните, што е основно човечко право, но за жал тоа се единствени мерки со кои може да се спречи ширење на инфекцијата.

– Ние се наоѓаме во разумна долна граница на рестриктивните мерки, тоа не значи дека треба да се опуштаме туку во доменот на долната граница што е разумна за да во секој момент се има ефект од мерките. но во никој случај не се исклучува дека рестриктиктивните мерки ќе може да ги засилиме врз основа на бројката која што се зголемува последните недели, посочи заменик министерот во гостувањето во телевизијата 24.

Прашан дали ќе има санкции за оние политичари кои организираат свадби и разни веселби, Хасани појасни дека не може претставници од власта или претставници од некои други групации кои би требало да бидат пример за граѓаните да ги прекршуваат законите односно правилата.

Тој додаде дека го осудува актот на организирање свадбени веселби и посочи дека е потребно да се направи соодветна епидемиолошка анкета и тестирање на сите кои учествувале на вакви настани.

– И јас треба да бидам пример за сите граѓани како треба да се однесувам во јавноста. Јас треба да не примам повеќе од четворица гости дома и да не идам на журки во Приштина. Генерално го осудувам тој акт и инсистирам истото да се проследи односно да се направи соодветна епидемиолошка анкета и тестирање на сите кои учествувале на вакви настани без оглед дали станува збор за крштевки, ифтари, дали се бајрами генерално го осудувам такво осудување со непошчитување на мерки затоа што на крајот сите се бориме за нас, нашите најбслики и целото население, посочи Хасани.

Како што рече, најголемиот противник можеме да го победиме само на еден начин, а оружјето се наоѓа во рацето на луѓето, и на претставниците на власта кои се капитените на овој брод.

– Инсистирам да се проследи настанот понатаму, не е прашање дали ако ги поминеме границите ќе ги почитуваме нашите правила од нашата држава, дали ние како Министерство или Влада или МВР ќе може да применуваме закони во другата страна на границата, не е во тоа суштината, туку е во прашање социјалната одговорност на критичните луѓе, не е во ред да се избегне одговорност, додаде тој.

Хасани информира дека е во тек набавката на брзите ковид тестови што ги најави Министерството за здравство, и кога ќе заврши набавката, тие ќе бидат наменети за широка употреба.

Тој очекува до крајот на годината да завршат сите клинички испитувања на „Ковакс“ вакцината против коронавирусот, а откако ќе завршат испитувањата, ќе почне дистрибуцијата.

– Очекуваме дека до крајот на годината би требало да се завршат сите клинички испитувања на вакцината. Ќе почекаме додедека ги имаме првите сигурни резултати, со кои што ние покажуваме дека сме на добар пат за заштита на здравјето на пациентите, кое не смее во ниеден случај не го ризикуваме. Откако ќе поминат сите клинички испитуцања за вакцината, тек тогаш ќе почне дистрибуцијата. Колку, кога и на кого ќе се дава и во кој процент, се многу специфични работи кои треба да се дефинираат од кога ќе ја имеме вакцината, посочи Хасани.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...