16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаТолку беше од тренингот за магаре: Владата ја разреши директорката Лидија Димова

Толку беше од тренингот за магаре: Владата ја разреши директорката Лидија Димова

spot_imgspot_img

Премиерот Зоран Заев на денешната 13-та владина седница ги информираше членовите на Владата дека го прифатил барањето на вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, да му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова.

Барањето е поради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.

– Оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување, и да покрене иницијатива за информирање на надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност, се наведува во соопштението од владината седница.

На седницата Владата ги именуваше Сашо Тасевски за директор на Бирото за јавна безбедност и Пеце Мирчески за директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата, додека пак Висара Риза е разрешена од должноста в.д. директор на Агенцијата за лекови и медицински средства и на таа позиција е именуван Лирим Шабани.

– На денешната седница Владата го донесе Решение за измена и дополнување на Решението за именување претседател, генерален секретар и членови на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, при што за претседателка на Комисијата е назначена министерката за култура проф. д-р Ирена Стефоска, информира владината Прес-служба.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...