15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаХелсиншки комитет: МВР да истражи дали имало полициска бруталност врз Роми

Хелсиншки комитет: МВР да истражи дали имало полициска бруталност врз Роми

spot_img

Хелсиншкиот комитет бара Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи случајот што вчера го обелоденила ромската организација „Аваја“ од каде наведуваат дека имало полициска бруталност извршена врз Роми, а ако тоа биде докажано инволвираните полициски службеници да бидат соодветно дисциплински казнети и доколку има основ, против нив да биде поведена кривична постапка.

<

Ромската организација АВАЈА вчера сподели информации со јавноста за нов случај во Битола со индикации за полициска бруталност, но и со елементи на реваншизам од страна на полициските службеници. Според АВАЈА, овојпат полицијата употребила прекумерна сила врз повозрасна Ромка и нејзиниот син, велат од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму додаваат дека заедно со Македонското здружение на млади правници, преку заеднички проект ангажирале адвокат за овој случај.

Од МВР бараат и да ги преземе сите превентивни мерки за спречување на непрофесионалниот однос, расното профилирање, полициската бруталност и самоволието при постапувањето кон Ромите и другите категории сиромашни и маргинализирани граѓани, што очигледно е честа практика на полицијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...