14.9 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаСветНикол Кидман: До сега никогаш не сум рекла „не“ за секс…..

Никол Кидман: До сега никогаш не сум рекла „не“ за секс…..

spot_img

Холивудската актерка Никол Кидман може да се пофали со разновидни улоги што ги одигра, а за некои од тие улоги беа потребни и провокативни секс-сцени.

<

Најзначајната од нив е секако улогата во филмот „Очи широко затворени“ од 1999 година на режисерот Стенли Кјубри. Актерката во едно неодамнешно интервју изјави дека никогаш не одбила никаква актерска задача.

Кидман глумеше во спомнатиот филм со нејзиниот поранешен сопруг Том Круз, а режисерот ја замолил да се разголи целосно пред камерата.

 

– Ми рече „сакам целосна фронтална голотија“, а мојата прва реакција беше „ах, не знам баш“. Но, успеавме да се договориме, постигнавме одлична спогодба и сè беше регулирано со договорот. Ми ги покажа сцените кои вклучуваа голотија уште пред воопшто да започнеме да ги снимаме – истакнала актерката и продолжила:

– Така се чувствував целосно безбедно. Бев навистина максимално заштитена и можев самоуверено да ги изразам сите аспекти на улогата што тие ја наменија за мене. На ниту една сцена не реков „не“, но сакав да бидам сигурна во тоа што го правам, не сакав да ми се смеат сите на снимањето – изјавила Кидман во интервјуто за „Њујорк тајмс“, пренесува „Дејли мејл“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...