15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаОд последици на коронавирусот почина и јеромонахот од Македонија

Од последици на коронавирусот почина и јеромонахот од Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јеромонахот Прохор од Цетинскиот манастир, кој е во ингеренции на СПЦ, починал од компликации на Ковид 19, соопшти Црногорско—приморската митрополија. Во соопштението пишува дека отец Прохор Јосифов починал по кратко и тешко боледување предизвикано од инфекција на новиот коронавирус, објави порталот Религија.мк

<

Отец Прохор е по потекло од Македонија, а во Цетинскиот манастир бил замонашен на 29 октомври 2010 година.

Роден е 1977 година во Кочани, Република Македонија, крстен со името Душан. Богословија завршил во Скопје, каде и студирал на Богословскиот факултет. Како ѓакон бил ракоположен во Брегалничката Митрополија.

Последните години во Цетинскиот манастир ја извршувал должноста економ на манастирот, како и манастирски свештенослужител.

Бил погребан вчера.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...