11.4 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерството за здравство не кажува дали Амди бил позитивен на Ковид-19 !!!

Министерството за здравство не кажува дали Амди бил позитивен на Ковид-19 !!!

spot_img

Министерството за здравство нема да објави дали на Амди Бајрам посмртно му е направен ковид тест со оглед дека на 17 октомври во Истанбул правеше свадба за внука си со над 200 гости од Македонија. (Фото: СДК.МК)

<

Министерството за здравство нема да објави дали на починатиот поранешен пратеник Амди Бајрам му е направен посмртен ковид тест и упати таа информација да се бара од неговото семејство. САКАМДАКАЖАМ.МК го праша Министерството за здравство дали на Бајрам посмртно му е направен ковид тест со оглед дека на 17 октомври во Истанбул правеше свадба за внука си со над 200 гости од Македонија.

„Пациентот има право на доверливост на личните и медицинските податоци, кои се чуваат во тајност и после неговата смрт, во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Во однос на одговор за ова прашање, ве молиме обратете се до фамилијата на поранешниот пратеник Амди Бајрам“, одговори Министерството за здравство.

Лидерот на Сојузот на Ромите Бајрам, кој почина денеска претпладне на 64 години, страдал од проблеми со срцето и дијабетес, поради што лани му беше ампутирана едната нога. Тој веќе починат бил донесен во една приватна болница во Скопје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...