9.5 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЖална Македонија: Медалот стигна, но нема кој да го прими !!!

Жална Македонија: Медалот стигна, но нема кој да го прими !!!

spot_img

Добитникот на бронзениот медал, надежниот млад научник Александар Трајковски, веќе е во Љубљана, каде што ги почна студиите во прва година на Факултетот за хемија и технологија. Тој е еден од многуте што си заминуваат. Заминувањето и на еден талент е непроценлива штета за државата

<

Системот ги дроби своите најубави дијаманти, коментираат деновиве професорите на Институтот за хемија откако на адресата им пристигна бронзен медал, а нема кој да го прими. Добитникот, надежниот млад научник Александар Трајковски, веќе е во Љубљана, каде што ги почна студиите во прва година на Факултетот за хемија и технологија. До последен ден се мислел дали да остане да студира во Скопје или да замине во Словенија. Случајот со Александар отвора многу важна тема – колку талентирани ученици си заминале од Македонија, постои ли евиденција, како да го спречиме одливот на мозоци?

Низа случајности придонеле за конечната одлуката на матурантот од средното училиште „Крсте П. Мисирков“ од Демир Хисар, кој летово освои бронзени медали на Меѓународната хемиска олимпијада „Менделеев“ и на 52. Меѓународна олимпијада по хемија (IChO). Втората е акредитирана од нашето Министерство за образование и наука и според Законот за средно образование (член 24-б, став 3 и 4), ученикот-медалист (и наставникот кој го подготвувал) добиваат по 8.000 денари месечно за освоен бронзен медал во период од 12 месеци. За доделување на паричната награда МОН објавува јавен повик еднаш во годината.
Повикот бил објавен на интернет-страницата на МОН пролетва, а траел до 31 август. Натпреварите на кои Трајковски ги освои медалите се одвиваа во текот на јули. Токму во тој период беше хакирана интернет-страницата на МОН, а министер за образование и наука во заминување беше Арбер Адеми. По неколкудневната блокада, МОН лансира нова интернет-страница, но на неа не биле прикачени сите документи и тековни огласи.

– Не знаевме дека конкурсот за доделување награда е веќе распишан. Од постари ученици, со кои бев на минатогодишната олимпијада, знаев дека се доделува награда од овој тип и тогаш му се обратив на проф. Буклески за информација. Не го најдовме конкурсот на интернет-страницата на МОН, па професорот вети дека ќе стапи во контакт со нив – објаснува Александар.

За повеќе информации на следниот линк:https://www.fakulteti.mk/news/26102020/medalot-stigna-no-nema-koj-da-go-primi-kako-mladite-talenti-si-zaminuvaat-od-makedonija?fbclid=IwAR0WkGDtUSqwWR2vFDheg88JfzePH0TShL7ppWjIikcUvo1VmYwKliIOH8Y

Пишува: Факултети.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...