16.9 C
Ohrid
вторник, јули 8, 2025
ПочетнаМакедонијаГи поддржувам и молам младите да си одат побрзо од оваа држава.

Ги поддржувам и молам младите да си одат побрзо од оваа држава.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владимир Блажев или на јавноста познат како Панчо од дуото ДНК, е доста активен на социјалните мрежи и скоро секогаш дава свое мислење за актуелни настани. Овојпат го пренесуваме неговиот статус во врска со последната рекордна бројка на 641 заболени во земјава:

<

„Денес имаме рекордна бројка на заболени 641. Неќам да се правам паметен но мора да кажам и факти кои велат дека кафичите и угостителските објекти дефинитивно не биле жариштата на вирусот. Еве скоро 3та недела од забраната за настапи на диџеи и музички гурпи, а бројките се 3 до 4 пати поголеми од тогашните пред да се воведе забраната( ако се земе во предвид дека инкубација трае од 7-10дена )

Како и да е сакам да потенцирам дека веќе надлежните го имаат изгубено кредибилитетот и довербата кај граѓаните и убеден сум дека не постои политички функционер од било која партија на кои граѓаните му веруваат или би му верувале.

Тоа е најголемиот пораз за нив но и за нас како граѓаните на земјава.

Луѓето живеат во сиромаштија, страв, неизвесност, беззаконие владее од кога памтам за себе. Ако не го знаеш и не му се јавиш на некој си Петко или Станко не можеш да завршиш ни една обична шалтерска работа зошто вработениот е потрчко кои Петко и Станко го штитат па уште ти се курчи и си зима за право да ти се заканува додека не е во право.

Се што гледаме што се случува кај нас во банана државичево влијае страшно деструктивно и психолошки поготово кај младите па не за џабе и се иселуваат од тука, а јас силно ги поддржувам во тоа и молам да си идат што побрзо и подалеку од оваа вукојебина во која одамна владее мотото : На прво место си се политичарите и нивниот задник, па нивните фамилии и најблиски па на крај граѓаните ако останат трошки ако не нека глодаат коски што они ги фрлаат или остатоци од апетисани и диви мечки со кои традиционачно се хранат пратенициве.

Не кривам никој бидејќи сите си ја префрлаат топката 30тина години, а никогаш никој не ни превземал одговорност ниту кривица. Нејсе поентата ми беше дека спасот е исклучиво подалеку од оваа болна средина. Да не се сфатиме погрешно, не кукам за пари и не ми е тоа поентата. Знам да опстанам и со и без нив и воедно ги жалам оние кои не биле во состојба да тргаат на страна и се молам на бога да го издржат ова сценарио кое допрва ни следи.

Пазете се колку можете и верувајте исклучиво на својот природен инстинкт за преживувње, тоа може да ви е и единствениот спас за жал.“

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...