10.3 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаУште едни болни умови во Гевгелија: На куче му ја захевтале устата,...

Уште едни болни умови во Гевгелија: На куче му ја захевтале устата, се бара одговорност од надлежните !!!

spot_img

Страотни фотографии од куче на кој некој му ја захевтал вилицата со тапетарска хевталка во Гевгелија денеска осамнаа на социјалните мрежи. Активистите за заштита на животните сведочат дека кучето, женка, кое сега има име Амели, вришти од болка по грозоморниот чин што му бил направен.

<

Веќе неколку дена фотографијата од кучето се споделуваше на социјалните мрежи и се бараше помош за него, но дури денеска активистите успеаја да го лоцираат и се шокирале кога го однеле на ветеринар, а во устата биле најдени делови од тапетарска хефталка.

„Едвај јаде, се лигави и мириса на скапано. Нормално дека не ја одминавме! Ја зедовме и ја однесовме на ветеринар. Кучето е живо и ќе се вика Амели. Во моментов кучето е на пат за Скопје, каде ќе биде оперирано и сместено постоперативно. Ова ќе биде долга и мачна борба, но ние не можевме да ја оставиме да умре“, пишува активист за заштита на животните од Гевгелија.

Од хуманите граѓани се бара секој да донира колку може, со цел да се спаси неговиот живот.

Сметки за донации:
200003109942988 Мелиса Богоева Стопанска банка
Paypal: naladogrescuemk@gmail.com

либертас

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...