20.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаЗдравје и убавина“Д-Р НИНО РЕЧЕ ЗА МЕСЕЦ ЌЕ ОДИШ И ТАКА И БИДНА“: Ќерката...

“Д-Р НИНО РЕЧЕ ЗА МЕСЕЦ ЌЕ ОДИШ И ТАКА И БИДНА“: Ќерката на пејачката Јулија, Андријана се огласи од болница (ФОТО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јулија Мациевска и честиташе роденден на својата ќерка Андријана, и за јавноста откри дека истата се соочува со тежок период од животот. Јулија завчера на својот личен профил повторно напиша  порака од болница и објави неколку фотографии, а притоа истакна:

<

„Денеска трета хемо за Андријанче, на државна клиника за онкологија. Прифативме низ овој предизвик да се носиме со насмевка, зашто веруваме во најголемото добро, исцеление за Андријана.

Прекрасната екипа на онкологија Жане, Мики, Тања, на чело со Д-р Нино Васев, кои се максимално посветени и професионални, за што од срце им благодариме.

Но најважно од се што имаат голема љубов, која несебиччо ја споделуваат секојдневно со пациентите. Благодарност и до сите вас драги луѓе, кои секојдневно не подржувате и ни олеснувате во овој предизвик.

Сеуште не сме во можност, но ќе ги споделиме и нашите чувства, емоции и нашите искуства низ овој процес, затоа верувам ќе им бидат од корист на сите кои минуваат низ иста, или слична дијагноза.

Зашто за канцерот треба да се зборува, и секој придонес е многу важен. Од клиниката за онкологија, ви посакувам на сите добро здравје и сè најубаво. Бидете благословени од Бога.“ напиша Јулија.

Андријана вчера на својот профил на Фејсбук сподели статус во кој што напиша:

„Денес ја примив третата хемотерапија. Благодарна сум на Бог што ме донесе кај овие прекрасни луѓе кои несебично даваат се од себе за нас пациентите.

Ова се моите ангели кој ме дигнаа на нозе за само месец дена. Д-р Нино Васев, тој рече за месец ќе одиш! И така бидна. Поддршка и љубов, грижа, професионалност БЛАГОДАРАМ ДОКТОРЕ.

Тука се моите сестри Жане, Снежана, Года и Тања, Мики. Секогаш насмеани и внимателни, грижливи, полни со љубов. Еен ден сигурно и пошироко ќе напишам за оваа состојба (Канцер).

Одиме во нови победи. Благодарам на сите кои постојано ми пишуваат и ме бодрат, помагаат и се молат за мене. Бидете благословени“.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...