10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Мора да знаете дека, маската штити од Ковид-19, настинки и од...

Филипче: Мора да знаете дека, маската штити од Ковид-19, настинки и од аеро загадувањето…

spot_img

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во вестите на телевизија Сител објасни дека поради неколку работи се препорачува заштитна маска на отворено. Тој изјави дека кога се спортува маска не треба да се носи, но на отворено при контакт со група на луѓе кои поради кашлање и кивање може да се влезе во близок респираторен контакт – во овој случај маската штити од трансмисија на вирусот.

<

„Заштитната маска, штити сега и во ладното време кога треба секој да внимава на своето здравје заради тоа што сакаме да ги заштитиме болниците дури и од пациенти коишто би дошле на преглед и за обични настинки. Штити од загадувањето, има докази и публикации каде што ПМ 10 честичките помагаат да вирусот патува подолго од вообичаените 1-1,5 метри нормално со флигиовите капки при близок респираторен контакт и тоа е нешто што исто така штити од трансмисија на вирусот. Значи ова не е случајно препорачано, не се случајно избрани ниту исклучоците кога се спортува секако на дистанца, кога човек е сам во моторно возило или се членови на неговото семејство. Значи тоа се мерки кои се имплементираат во цела Европа“, потенцираше Филипче.

Филипче истакна дека граѓаните треба да се свесни, да ги почитуваат мерките затоа што така го штитат и сопственото здравје и здравјето на луѓето околу нив. Доколку се спортува и имате забрзано дишете тогаш маската го отежнува дишењето, но при обична прошетка кога има можност при влегување во некоја група на луѓе, сретнување со луѓе добро е и препорачано е маската да се носи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...