10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаВучиќ со понуда за Македонците: Заболените од Ковид-19 може да се лекуваат...

Вучиќ со понуда за Македонците: Заболените од Ковид-19 може да се лекуваат и во Србија.

spot_img

Малиот шенген е добро решение за справување со Ковид кризата меѓу Македонија Албанија и Србија. Само на овој начин со здружени сили трите земји ќе може полесно да се справат со предизвиците, а Србија е подготвена да ги стави на располагање своите болнички капацитети за овие две соседни земји.

<

Ова беше изнесено на заедничката видео конференција на регионалниот форум за млади лидери на која присуствуваше и премиерот Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама.

Во соопштението од владата наведуваат дека премиерот Заев ја изразил потребата од заедничка соработка додавајќи…

„Во услови на криза нашите држави работат и сме во постојана комуникација помеѓу себе. Координираните одговори на најголемите предизвици кои се исправија пред нас донесоа и придобивки. Ја зајакнавме постоечката соработка, покажавме висок степен на солидарност и капацитет на носење одлуки за граѓаните на нашите земји.“

 

Српскиот претседател Вучиќ пак изрази жалење што се уште не е постигнат договорот за здравствена соработка во борбата против Ковид 19 но се надева дека до Самитот на ЕУ Западен Балкан истиот ќе биде постигнат.

Тој договор ќе им овозможи на граѓаните на Србија, Албанија и Северна Македонија да патуваат без ПЦР-тест, верувајќи им на здравствените власти на земјите. Тоа исто така значи и взаемна помош, меѓу другото, и на можноста граѓаните на Северна Македонија и Албанија да ги користат нашите болници за лекување, што ќе не направи многу посилни, а соработката би вклучувала и размена на медицинска опрема и сè друго што е потребно во борбата против Ковид 19.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...