8.9 C
Ohrid
понеделник, март 17, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев денес ќе разговара со Меркел, а во ЕУ се води „битка“...

Заев денес ќе разговара со Меркел, а во ЕУ се води „битка“ на амбасадорско ниво

spot_img

Како дел од дипломатските напори на Берлин за приближување на ставовите на Скопје и Софија со цел одржување на првата Меѓувладина седница со ЕУ и почеток на преговорите на Македонија за време на германското претседателство премиерот Зоран Заев денеска ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел.

<

Заев вчера изјави дека по завчерашниот разговор во Берлин на вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни рбаоти Бујар Османи со бугарската министерка Екатерина Захариева, има оптимизам и треба да има оптимизам во однос на решавање на прашањето со Бугарија кој го гледа и во обраќањето на Захариева, но и во фејсбук статусот на премиерот Бојко Борисов.

Заев кажа дека е добредојдена помошта од Германија и оцени дека даваат резултати честите комуникации помеѓу работните групи и минситрите од двете страни, бидејќи се работи за две пријателски земји.

„Сега сме ние на ред, Република Северна Македонија треба да ги отвори поглавјата преку првата Меѓувладина конференција. Се трудам да има целосно разбирање. Двете страни сакаат да има решение“, рече Заев.

Инаку, Меркел вчера имаше видео-конференциски состанок со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Се заблагодарив за нејзината лична заложба и онаа на германското претседателство за барање формули да се овозможи почеток на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ. Верувам дека со помош на Германија, особено за време на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ ќе се донесат силни и правилни одлуки“, напиша Борисов на Фејсбук за разговорот, кој траел 40 минути.

По извесниот напредок постигнат во понеделникот во Берлин на средбата на Димитров и Османи со Захариева на инцијатива на нивниот германски колега Хајко Мас, продолжуваат дипломатските напори во насока на приближување на ставовите на двете страни со цел овозможување на одржување на првата Меѓувладина седница со ЕУ за време на германското претседателство.

Во Брисел сѐ уште се води битка и на амбасадорско ниво од страна на Бугарија во нацрт заклучоците за преговарачката рамка да влезат дополнителни забелешки, но, барем засега, бугарските барања не се прифатени, јави МИА од Брисел, повикувајќи се на дипломатски извори. Ако се постигне договор денеска амбасадорите на земјите членки ќе можат да ја усвојат преговарачката рамка, во спротивно тие повторно ќе се состанат на оваа тема в петок, со надеж дека до тогаш ќе се надминат разликите и ќе се отвори патот министрите на 10 ноември да дадат зелено светло на документот.

Извор МКД.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кошаркарот на Дино Баскет, Петар Ивановски, е меѓу жртвите кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката во Кочани

Кошаркарот на третолигашот Дино Баскет, Петар Ивановски, е меѓу жртвите кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката во Кочани, во која починаа 59...

Ребека: Состојбата на Панчо е влошена, моментално е на апарати.

Драги и почитувани пријатели, Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир, Панчо, мојот мал Буцо...

Го славел раѓањето на синот и го загубил животот во пожарот во Кочани

Еден од загинатите во трагедијата во Кочани е 30-годишниот Тоше Богданов. Според српски Телеграф, Богданов излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето...

Херојот што не ја напушти дискотеката: Виктор Јорданов загина спасувајќи животи

Во моментите на страв и паника, додека сите се обидувале да се спасат, Виктор Јорданов останал на своето место, борејќи се со пламените јазици....