11.4 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаСвет„Паметни“ очила за детекција на COVID19 (Видео)

„Паметни“ очила за детекција на COVID19 (Видео)

spot_img

Додека Кина полека ги олабавува мерките воведени поради коронавирусот, обезбедувањето користи „паметни“ очила со вградена вештачка интелигенција преку кои се мери температурата на граѓаните, еден од главните симптоми на вирусот.

<

Изработени од страна на стартапот за вештачка интелигенција „Rokid“, „паметните“ очила користат термална визуелизација за да ја измерат температурата на оддалеченост и од еден метар. Според „China Morning Post“, очилата можат да ја измерат температурата на неколку стотици луѓе секои две минути.

Очилата моментално ги користи обезбедувањето на неодамна отворениот парк „Хонгујан Парк“ во источниот град Хангжоу, за да се намали времето за чекање при влез. Доколку кај некое лице е регистрирана покачена температура, уредот кој истовремено користи и препознавање на цртите на лицето, испраќа автоматско предупредување до персоналот и отвора дигитално досие.

Иако оваа технологија се докажала како успешна во многу сфери, таа не ги детектира асимптоматските граѓани или пак оние кои се инфицирани, но се уште не развиле симптоми. Исто така, загрижува помислата какви импликации може да има детекцијата на цртите на лицето при масовно следење.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...