15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаИ покрај зголемениот број на позитивни случаи, СДСМ не се откажува од...

И покрај зголемениот број на позитивни случаи, СДСМ не се откажува од изборите за градоначалник во Штип.

spot_img

„СДСМ има огромно водство, ние водиме на сите анкети пред локалните избори во Штип и затоа ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се плашат од пораз. Ние имаме кадар за подобар живот, за поквалитетен живот, не само за Штип, туку за сите градови. Изборите ќе се одржат, а Сашко Николов е идниот градоначалник на Штип. Овие избори ќе бидат според сите стандарди, протоколи и заштитни мерки, здравјето на граѓаните ќе биде заштитено, и навистина не постои реална причина изборите да се одложат. “ рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција, во интервјуто за телевизија Стар.

<

Тој потсети дека во изминатите неколку месеци Мицкоски постојано измислува причини само да не се соочи со граѓаните на избори оти секои нови избори за него значат пораз и оддалечување од претседателската функција во партијата.

„Ние имавме серија на измислување причини на Мицкоски како да нема избори, како да нема лидерски средби. Граѓаните повеќе не веруваат во капацитетот на Мицкоски за сите следни избори и затоа се неопходни промени во таа партија. Очекувам демократски и фер избори, со целосна заштита на здравјето на гласачите, како во Штип, така и во Пласница. Опозицијата стана пример за неодговорно однесување, а ние покажавме дека знаеме да организираме избори, како што беа парламентарните пред неколку месеци.“ порача Николовски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...