15.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаБугарија денеска ја блокираше Македонија во Европската Унија

Бугарија денеска ја блокираше Македонија во Европската Унија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бугарија го прекрши договорот за добороседство и нема да ја поддржи Македонија за старт на преговорите со европската Унија, соопшти премиерот Заев веднаш штом ја доби информацијата од состанокот на амбасадорите на земјите членки на ЕУ. На состанокот бугарскиот преставник го потворил ставот на официјална Софија, нема поддршка бидејќи не се исполнети делови од дроговорот за добрососедство.

<

Првата фаза е блокирана и ова е непријтна порака кажа премиерот Заев.

Премиерот е оптимист, верува дека ќе се најде заеднички јазик и решение со Бугарија. Разговорите и комуникацијата меѓу работните групи во двете министерства за надбворешни работи продолжуваат а ставот на македонската страна е дека нема да има никаков нов договор или анекс на постоечкиот договор за добрососедство.

Откако денеска на состанокот на Амбасадорите на земјите членки на ЕУ не е постигнат консензус, дисусијата за Преговарачката рамка ќе се префрли на Советот на министри кој е презакажан од 10 за 17 Ноември. Но не се отфрла можноста и за уште еден вонреден Совет на министри на 10 Декември, со што би се оставил простор за можен компромис и почток на преговорите на крајот од германското претседавање со ЕУ

Во последниот предлог на Преговарачката рамка, од германското претседателство, во кој како што Телма веќе објави не се содржани барањата на Бугарија за посебно поглавје кое би го опфатило спроведувањето на договорот за добрососедство и сите идентитиетски и истотиски пршања со кои Бугарија ја условува својата согласност.

Во два дела од Рамката – преамбулата и во дел од текстот се споменува директно обврската на земјата да покаже „видливи резултати„ во спроведувањето на двата договори- Преспанскиот со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија.

Шефицата на Бугарската дипломатија Екатерина Захариева вчера изјави дека бугарската поддршка за Македонија никогаш не била безусловна и дека историските прашања не се единствениот проблем. За бугарскиот претседател Радев пробел е и говорот на омраза.

Во рамките на Берлинскиот процес на почетокот на идната недела е закажан самит во Софија каде копретседатели се македонија и Бугарија но тој најверојатно ќе се одржи он лајн поради тоа што во моментов изоалција се и Захариев и премиерот Борисов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова признава дека е виновен

Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина. Тој најпрвин изрази сочувство на семејството на Фросина. -Ќе...

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...