13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаСветАвстрија ги затвора радикалните џамии..

Австрија ги затвора радикалните џамии..

Австрија најави дека ќе затвори џамиите кои што се залагаат за радикален ислам, објави австриската новинска агенција АПА.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер и министерката за култура Сузана Рааб најавија затворање на „радикалните џамии“ по смртоносниот терористички напад извршен од џихадист во Виена во понеделникот. Да потсетиме, во нападот загинаа четири лица.

Одлуката за затворање на џамиите кои пропагираат радикална верзија на исламот е донесена по состанокот со претседателот на Исламската заедница, Емит Вурал.

Се испитува и правниот статус и се разговара за затворање на исламистичките здруженија.

Според австрискиот Дер Стандард, една џамија ќе биде затворена во Виена, но не и онаа што ја посетувал терористот, убиен за време на нападот во Виена. Сепак, правниот статус на џамијата и бил одземен.

Во Австрија има околу 350 џамии кои работат во рамките на Австриската исламска заедница.

Деталите за затворањето на џамијата ќе бидат објавени на прес-конференција, јави АПА.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...