22.9 C
Ohrid
недела, јули 13, 2025
ПочетнаМакедонијаВработените во ТБЦ: Преку СМС пораки се молевме и баравме Југослав да...

Вработените во ТБЦ: Преку СМС пораки се молевме и баравме Југослав да биде примен на Инфективна.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Младиот пациент Југослав Николиќ, кој пред два дена почина од корона вирусот, само два дена бил хоспитализиран во Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, велат вработените од оваа институција. За Фактор откриваат дека со последни сили го напишал постот на Фејсбук преку кој барал помош да биде префрлен во приватна болница бидејќи се надевал дека можеби ќе успее да ја преживее разорната болест.

<

-Го донесоа во исклучително тешка состојба. Ние самите бевме свесни дека во нашиот Ковид-центар нема да можеме многу да му помогнеме. Тука нема услови за пациенти со тешка форма на болеста. Праќавме пораки сите до Клиниката за инфективни болести за да го сместиме таму. И успеавме, но за жал, многу кратко потоа разбравме дека Југослав починал, дека не ја издржал борбата, велат од Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ за Фактор.

Оттаму откриваат и дека веќе нема место за примање нови пациенти. Новиот директор, д-р Суад Зејнел кој од Пулмологија, од вчера почна да раководи со Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, дозволил таму да се донесат само уште 6 болнички кревети, бидејќи повеќе нема место каде да се стави кревет.

-Проблемот е во тоа што тука нема тријажен центар, да видиме убаво кој во каква состојба е. Примаме пациенти со последни сили. Состојбата е речиси очајна. Онаму каде што имавме простории со 7 кревети, сега веќе има 10 кревети, онаму каде што имавме 4 кревети, сега веќе има 6, толку е просторот, толку е кадарот. А ако погледнете надвор во дворот, преполн е со блиски на болните кои плачат, на кои нема кои да им даде информација, зошто целиот медицински персонал буквално трча од болен до болен, потенцираат вработените од оваа здравствена установа.

Останува, како што велат, да го издржат товарот во налетот на пациенти болни од корона вирусот и да успеат да спасат колку можат повеќе човечки животи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Крвава семејна веселба во Прилеп: Двојно убиство и самоубиство!

Прилеп е во шок по вчерашната трагедија во една од градските населби, каде што заложничка драма заврши со тројца загинати. Според првичните информации од...

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...