15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина скопјанката Мејрем: Девојката која си ја продаде куќата за да се...

Почина скопјанката Мејрем: Девојката која си ја продаде куќата за да се оперира во Турција !!

spot_img

Скопјанката Мејрем Исмаил која на 15 октомври во Турција го оперираше желудникот за да ја намали телесната тежина, денеска почина. Според лекарскиот извештај, Мејрем починала од срцев удар. Мејрем, која пред операцијата имаше 250 килограми, за Женски магазин ја раскажа својата тажна животна приказна.

<

Деновите по операцијата, таа ги помина во дом за стари лица, каде што беше сместен и нејзиниот татко. Таткото, кој пред неколку години имаше мозочен удар, сега е дома, за него се грижат неговите браќа. За да ја плати операцијата во Турција, Мејрем продаде семејна куќа.

Нејзината пријателка, Риана Ал Рамиз која ѝ беше инспирација за операцијата во Турција, вели дека се слушнале пред да почине. Таа добро се чувствувала, освен што била исплашена. Мејрем и Риана имале договор да се видат следната недела, и да испратат фотографии во нашата редакција од нејзиниот нов изглед.

„Сакам да помине барем еден месец од операцијата. Сакам да станам на нозе. Да се исфарбам, се исфенирам и нокти некој да ми стави. И таква да ме сликате. Зашто многу популарна станав“, ни рече Мејрем неколку дена по оперцијата, искрено радувајќи му се на тој ден кој за жал не го дочека.

 

„Зборував со неа пред да почине, на камера. Сѐ беше во ред. Ме прашуваше дали банана смее да јаде. Малку плачеше, ми рече дека ѝ е страв. Секој ден таму умирале луѓе и едвај чекаше да си дојде дома. Уште не ми се верува. Се видовме два пати во животот ама се зближивме, зборувавме постојано на телефон. Жалам за нејзината тажна судбина. Се надевам дека таму горе е со мајка ѝ и е посреќна од животот што тука го живееше“, ни изјави Риана, професорката по виолина од Скопје, која пред повеќе од две години го оперираше желудникот кај д-р Гурдал Орен во Истанбул и успеа да ослабе 32 килогарми.

„Официјалниот извештај за смртта на Мејрем  од македонски лекари гласи  дека нема поврзаност со операцијата, кратење на желудник. Таа почина од срцев удар.

Женски Магазин

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...