10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Вирусот е широко проширен, состојбата со Ковид – 19 е критична...

Филипче: Вирусот е широко проширен, состојбата со Ковид – 19 е критична !!!!

spot_img

Трендот на повеќе од 30 проценти позитивни од тестираните неделава , или дека секој трет кој се тестирал е позитивен на корона ја искачи бројката близу 15 000 активни случаи во Македонија.

<

По ваквите статистики изминативе недели министерот Филипе, денеска со видео обраќање дека ситуацијата е критична, граѓаните да внимааваат, но без најава за дополнителни мерки против ширење на вирусот.

Инаку, половина од корона позитивните се од главниот град.

Најкритично е во Гази Баба , Аеродром, Карпош , Центар и Кисела Вода. Забрзано расте и бројот на болни во Прилеп.

Таму, според вчерашниот ковид – билтен 79 луѓе се инфицирале со вирусот. Слично е и на истокот од земјава.

Во штипската болница во моментов се хоспитализирани 64 пациенти, се очекува да почнат да се примаат и на кожно.

Бројот на луѓе кои секој ден се впишуваа во графата на оздравени е значително помал. Сепак ваквото оптоварување на здравствениот систем не може да ги пушти да излезат од изолација.

Како што дознава Телма викендов има технички проблеми со „Мој Термин“ па оние чие решение за изолација истекува не можат да излезат од дома, затоа што од ЦЈЗ не добиле потврда дека ковид – болниот оздравел.

А од полицијата која е задолжена да проверува дали се почитува изолацијата тропнуваат и на вратите на овие луѓе.

Нашата соговорничка која сакаше да остане анонимна, вели дека ја воделе како симптоматски случај наместо како заразен кој нема никаков симптом. Денот кога тргнала на работа , и кажале дека полиција ја бара дома.

Кога требаше да излезам по 10 дена бидејќи ми рекоа дека сум асимптоматски случај, дознав дека ме водела матичната како со симптоми. Морав да останам дома 20 дена. Дури и по тие 20 дена ме бараше полиција. Денот кога излегов ми се јавија дека дошле и им реков дека сум на работа. Им го пратив решението за изолација со почетен датум. Тие ми рекоа требало да седам уште два дена бидејќи решението е издадено два дена по позитивниот резултст, иако во решението имаше точен датум на почеток од кога почнува изолацијата, вели таа.

Интерните клиники веќе почна да примаат ковид болни, а од утре според најавите на здравствените власти во функција ќе биде и стационарот на Кожно каде може да се згрижат 30 болни.

телма

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...