10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ова е бројчаникот на Заев, 1.136 починати од Ковид-19, 39.760 ...

ВМРО-ДПМНЕ: Ова е бројчаникот на Заев, 1.136 починати од Ковид-19, 39.760 заразени !!!

spot_img

На Триумфалната порта, денеска од ВМРО-ДПМНЕ, поставија транспарент, кој го нарекоа бројчаникот на Заев, а на кој се испишани бројките на активно заразените од Ковид-19, како и починатите.

<

-Зад мене е бројчаникот на Зоран Заев, истиот оној кој што го ветуваше. 39.760 активни случаи на Ковид, и 1136 починати, ова е епилогот од неспособноста на Зоран Заев и Венко Филипче да се справи со пандемијата.

Бројчаникот кој го вети Заев, изгледа вака. Ова се бројки кои што ја покажуваат реалната слика со која што сите ние се соочуваме. Имаме вкупно 39.760 активни случаи на КОВИД и 1136 починати лица. Имаме 2 милијарди евра долг односно над 60% од БДП.

Имаме нови 40.000 невработени лица од март до октомври и имаме вето за евроинтеграција на Македонија. Тоа е учинокот на Зоран Заев, затоа треба оставка и тоа веднаш.

Денес, го прашуваме СДСМ дали можете уште повеќе и уште подобро? Ние одговорот го знаеме, сигурни сме дека можете уште повеќе и уште полошо!

Со СДСМ важи изреката кога мислите дека дното е пробиено, СДСМ го докажува спротивното, може уште повеќе да тонеме!

Периодов наместо да броиме успеси, броиме неуспеси и трагедии.

Овие 1136 починати лица, не се само обична бројка на хартија, тоа се нечии родители, браќа, сестри, деца, тоа се судбини на илјадници семејства, голем број од кои можеби ќе ја преживееле болеста доколку за тест не се чека и по неколку дена, па потоа за резултат уште толку. Голем дел ќе преживееле, доколку имаше слободни места во болниците. Голем дел ќе преживееле доколку имаа пари да се лечат во приватните болници, за што се собираа донации, бидејќи државното здравство потфрли.

Ова е трагедијата на македонското здравство на чело со Венко Филипче. Затоа мора оставка веднаш. Македонија нема луѓе за губење, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...