20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонија„Политико“: Бугарските силеџиски тактики функционираат во софиското подземје, но не и во...

„Политико“: Бугарските силеџиски тактики функционираат во софиското подземје, но не и во ЕУ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дипломатите во ЕУ се фрустрирани од однесувањето на Бугарија која кочи важна агенда со целосно домашен проблем којшто би било најдобро да се реши билатерално со Северна Македонија, пишува бриселски „Политико“.

<

„Бугарските силеџиски тактики може да функцинираат во решавањето на проблемите во подземјето на Софија, но се чини дека се крајно несоодветни на ниво на ЕУ“, изјавил дипломат на ЕУ за бриселски „Плејбук“.

Според „Политико“, ако Бугарија, изолирана каква што е, продолжи со својот бескомпромисен став, ќе ја изгуби секоја преостаната добра волја што можеби ја уживаше меѓу земјите-членки“.

Притоа се потсетува дека бугарското Министерство за надворешни работи инсистира на ставот  дека сегашното решение „не ги задоволува законските гаранции што ги бара Бугарија“.

„Политико“ исто така потсетува дека Бугарија ја информирала Европската комисија дека „не може да ја прифати предложената преговарачка рамка за почеток на преговори со Северна Македонија“. Тоа, како што се вели ја загрозува целта на германското претседателство со ЕУ за почеток на преговорите оваа година.„Бугарија и Северна Македонија имаат спор околу историјата и јазикот, при што Софија бара Скопје да признае дека државата и нејзиниот јазик имаат бугарски корени, и ги отфрла тврдењата дека постои македонско малцинство во Бугарија“, пишува порталот

Превземено од мкд.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...