16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаПозитивен на ковид бесен што не го пуштиле на клиниката, собрал другари...

Позитивен на ковид бесен што не го пуштиле на клиниката, собрал другари и го претепале болничарот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 06.11.2020 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на Клиника за Пулмологија бил нарушен јавниот јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Т.С.(47) и А.Р.(21).

<

Инцидентот кој се случил во модуларната ковид амбуланта на Пулмологија ја предизвикало момче кое дошло со мајка му, а и двајцата биле позитивни на Ковид- 19.

„Либертас“ пренесува дека мајката и синот, без маски сакале да влезат во амбулантата и кога биле опоменати да не влегуваат поради ковид протоколот, момчето почнало да се заканува, а потоа и нападнало болничар.

Инцидентот е пријавен во МВР, велат од Пулмологија, и додаваат дека ја разбираат паниката и стравот кај граѓаните од пандемијата но не и силеџискиот однос кон медицинскиот персонал и непочитувањето на протоколот во амбуланта да влегуваат без маски, а се заразени со Ковид-19.

„Откако си заминале тој повторно се вратил, но овој пат со група другари со возила без регистарски таблици влегле во амбулантата и го нападнале болничарот. Кога дошла полиција тие се тепале и со полицајците и сè е снимено на безбедносните камери“, изјавиле за „Либертас“ од Клиниката за Пулмологија.

Полициски службеници направиле записници за констатиран прекршок по чл. 11 од ЗППЈРМ и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...