10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЏими: Се надевам дека приврзаниците на ВМРО ќе ја поддржат мојата кандидатура...

Џими: Се надевам дека приврзаниците на ВМРО ќе ја поддржат мојата кандидатура за градоначалник на Штип.

spot_img

Изградба на студентски град во Штип во близина на новата брана на Отиња, развој на банскиот туризам со искористување на топлата вода од Кежовица и економски просперитет на локалното стопанство преку преструктуирање на производтвсвото, се трите главни столбови врз кои се темели изборната програма на еден од петемина кандидати за градоначалник, Симон Поликарп-Џими.

<

– Да се охрабрат текстилните фабрики кои постојат во Штип, да се насочат и да дојде до промена од сегашното ЛОН кон високо квалитетно производство, со помош на локалната самоуправа, со финансии и со идеи, изјави Симон Поликарп-Џими, кандидат за градоначалник на Штип.

За да ја реализира оваа визија, смета дека најнапред треба да се запре процесот на депопулација на градот и целиот источен регион, посебно на младите луѓе, кои ќе бидат главни двигатели во овој процес.

– Да создадеме услови да не бегаат, да создадеме услови каде тие ќе бидат дел од решението и трето, заедно со нив да создадеме услови каде ќе ни биде подеднакво добро на сите нас, додаде Поликарп.

ВМРО-ДПМНЕ не кандидираше свој кандидат, а токму во оваа нива одлука Поликарп ја гледа својата шанса. Имено, Интегра и ВМРО се две конзервативни партии кои имаат заеднички став околу ревизија на Преспанскиот договор.

– Имаме уште нерасчистено прашање околу името. Верувам дека тој став е доволен, приврзаниците на ВМРО да ја поддршат мојата кандидатура, изјави Поликарп.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...