15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаНиколовски вечерва е на терен со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат

Николовски вечерва е на терен со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат

spot_img

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски вечерва е на терен со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат кои вршат контроли за доследно почитување на протоколите во борбата против ширење на пандемијата.

<

„Вечерва имав чест и лично да ги запознаам дел од луѓето, коишто овие девет месеци имаат значаен придонес во спречувањето на ширењето на вирусот КОВИД 19 – инспекторите од Државниот пазарен инспекторат. Инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на секоја уредба, одлука, протокол и мерка, што ги преземаме за спречување на ширење на коронавирусот. Овие луѓе, кои деноноќно се на терен и работат со полн капацитет, се една од клучните алки во спречувањето на ширење на вирусот“, сподели Николовски.

Вицепремиерот уште еднаш потсети да покажеме колективна одговорност, да ги почитуваме мерките и протоколите, бидејќи, како што рече, со тоа ќе им помогнеме и на инспекторите, на здравствените работници и на сите кои овие девет месец водат битка со коронавирусот.

„Оваа поддршка е потребна повеќе од било кога. Само заеднички, со колективна одговорност, ќе успееме да го спречиме ширењето на коронавирусот и да ја пребродиме оваа здравствена криза“, порача Николовски.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...