9.5 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаФизичките и вербалните закани кон медицинските лица стануваат честа појава во...

Физичките и вербалните закани кон медицинските лица стануваат честа појава во Македонија .

spot_img

38 вербални и физички напади се забележани во текот на последните 7 месеци врз медицинскиот персонал во нашата земја. Во овој период беа поднесени 33 прекршочни пријави. Заменик министерот за здравство Илир Хасани вели дека бројот на случаи на напад врз медицински персонал е поголем, но ситуациите идентификувани во надлежните институции се најконфликтни. Тој вели дека состојбата со пандемијата го отежнала овој период и за лекарите и за пациентите.

<

„Мислам дека бројот е многу поголем. Да не ги дефинираме само екстремните случаи кога вербалниот напад е докажан и документиран од МВР. Тука повторно повторувам дека феноменот на ајсберг (глечер) е присутен, каде што само горниот дел се појавува на површината, но нешто друго се случува под морето. Не го гледаме целиот мраз, но гледаме само мал дел што е претставен, а тоа е бројот 38 што го спомнавте. Тоа е многу непријатна ситуација”, вели Илир Хасани, заменик министер за здравство.

Веќе неколку години, лекарите бараат донесување закон што дополнително ќе го штити нивниот професионален интегритет, но исто така ќе им обезбеди уште поголема физичка сигурност. Ова остана само барање. Заменик министерот Хасани вели дека веќе се преземени чекори во оваа насока, нагласувајќи дека треба да се внимава максимално законот да има рамнотежа помеѓу правата на пациентите и медицинскиот персонал и да не биде алатка за злоупотреба од едната или од другата страна.

„Јас, како лекар, сигурно би заштител и поставел многу повеќе члена што ги штитат лекарите и многу повеќе ќе го оптеретував пациентот, но не е така. Треба да ги погледнеме обете страни. Сепак, ние исто така мора да ги заштитиме пациентите од несовесните лекари, случаи кои се јавуваат поретко, но кои дефинитивно треба да ги разгледаме“, изјави Илир Хасани – заменик министер за здравство.

Според евиденцијата на Министерството за внатрешни работи, 10 од овие инциденти се регистрирани во Скопје и Куманово, 8 во Струмица, 5 во Тетово, 3 во Битола и по еден во Велес и Штип.

алсат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...