10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата апелира до ВМРО-ДПМНЕ да не се радува на ветото што...

Владата апелира до ВМРО-ДПМНЕ да не се радува на ветото што го стави Бугарија !!

spot_img

Владата апелира до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не се радува на ветото што го стави Бугарија на текстот за преговарачката рамка со ЕУ што го одобрија сите други земји-членки на Унијата.

<

„Апелираме до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да се радуваат на тешките моменти во кои се наоѓа државата и да го препознаат моментот кога одредени национални прашања ги надминуваат границите на вообичаените партиски пресметки“, велат извори од Владата.

Од таму велат дека „нема ни трошка вистина во манипулациите кои ги пласираат дел од опозициските партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ, за наводно распродавање на македонскиот идентитет.

На владината седница која се одржа вечерва било констатирано дека бугарското вето е „неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето, лоша порака за целиот регион и пораз за фундаменталните европски вредности и принципи“. Високи владини извори брифираат дека преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија и дека нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнувањето на европските стандарди.

ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ПРЕТВОРАТ ВО ПРЕГОВОРИ СО БУГАРИЈА, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТА ПО БУГАРСКОТО ВЕТО ЗА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА
Од Владата се заблагодарија на сите граѓани од сите етнички заедници во Северна Македонија и на сите политички претставници на различните заедници во земјата, за поддршката која се дава на македонскиот народ во овие моменти, со цел заштита на македонскиот идентитет и за останувањето посветени на европскиот пат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...