10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија добива уште една инфективна болница: Стариот објект на „Систина“ ќе стане...

Македонија добива уште една инфективна болница: Стариот објект на „Систина“ ќе стане нова инфективна болница со 100 легла за пациентите.

spot_img

Во старата зграда на „Систина“ се планира итно за неколку дена да се обезбеди греење и централен довод на кислород до секој кревет, како и рендген апарат, ЕКГ апарат и друга опрема, што претставува сериозна инвестиција, која најверојатно ќе ја поднесат приватните болници. Благодарение на тоа, пак, земјава ќе добие уште една врвна Инфективна болница..

<

Стариот објект на „Систина – Мала Богородица“ во Скопје да биде претворен во нова инфективна болница со сто кревети. Ова бил предлогот што произлезе по вчерашната средба на министерот за здравство Венко Филипче со сопствениците на приватните болници „Аџибадем Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“ и за кој се очекува на утрешниот состанок да се донесе конечен став.

Идејата е во овој објект да се обезбедат 100 кревети, пет доктори, 30 медицински сестри, 10 болничари. Кадарот ќе го обезбедат „Аџибадем Систина“ и Клиниката „Жан Митрев“ со по 40 отсто, а болницата „Ре-медика“ ќе учествува со 20 отсто, објави „Плусинфо“.

Разговорите беа конструктивни, а приватните болници изразија позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата. Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравствени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела. Дотогаш на формализирање на соработката работат тимовите од МЗ и на приватните болници,“ информираат од Министерство за здравство.

Се разговара за начинот на кој Фондот за здравствено осигурување ќе го компензира трошокот за лекувањето на пациентите кои ќе се сместуваат во овој објект иако однапред е јасно дека компензацијата нема да биде доволна за да се покријат сите трошоци за да се обезбеди врвна нега што значи дека приватните болници на некој начин ќе го донираат лекувањето на пациентите со ковид-19.

Во старата зграда на „Систина“ се планира итно за неколку дена да се обезбеди греење и централен довод на кислород до секој кревет, како и рендген апарат, ЕКГ апарат и друга опрема, што претставува сериозна инвестиција, која најверојатно ќе ја поднесат приватните болници. Благодарение на тоа, пак, земјава ќе добие уште една врвна Инфективна болница.

Министерот Филипче вчера соопшти дека имал конструктивна средба со сопствениците на приватните болници „Аџибадем Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“.

Приватните болници изразија позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата. Со оглед на тоа што за првпат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравстевени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела. Дотогаш на формализирање на соработката работат тимовите од Министерството и приватните болници“, соопшти вчера Филипче.

Претходно, Клиниката „Жан Митрев“ соопшти дека се става на располагање во ковид-битката, но дека во клиниката нема слободни кревети и има листа на чекање, која секојдневно се зголемува.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...