10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаСе чисти теренот за модуларен ковид центар со 90 кревети во Битола

Се чисти теренот за модуларен ковид центар со 90 кревети во Битола

spot_img

Со цел интервентно да се одговори на потребите за здравствени капацитети и да се овозможи организација на просторот, во рамки на парцелата на Клиничката болница се работи на подготовка за поставување на модуларен ковид центар. Овој проект се реализира од страна на Министерството за здравство и Општина Битола, соопшти Општината.

<

– Општина Битола максимално е вклучена во реализацијата на проектот за поставување на модуларен ковид центар во дворот на Клиничката болница во Битола. По изготвувањето на планската документација од страна на општинските служби, се вклучи и во расчистување на теренот со учество на механизација на јавните претпријатија и е целосно подготвена за изведба на рамнење на теренот. Целта на ковид центарот ќе биде обезбедување на дополнителни капацитети за прием и тријажа на ковид пациенти и проширување на моменталните капацитети на Клиничката болница во Битола – велат од Општината.

Ќе има 3 модуларни градби, од кои две модуларни градби што содржат интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.

Овие модуларни градби, се монтажно-демонтажни градби со едно ниво (приземје), со приближна површина околу 1.000м2, се поставуваат на бетонска подлога, во рамки на дворно место на јавни здравствени установи, со приближен капацитет на стационар од 90 кревети.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...