10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаКај реката Сатеска нелегално изграден насип од градежната фирма ''Викторија Инвест'', жителите...

Кај реката Сатеска нелегално изграден насип од градежната фирма ”Викторија Инвест”, жителите на Дебарца најавуваат протести.

spot_img

На реката Сатеска нелегално изграден насип  за движење на механизацијата на  автопатот Охрид Кичево.

<

Жителите на Дебарца реагираат, коритото на реката во месноста Ново село е потполно  затрупано , нема проток на водата,  а  тоа ќе има еколошки последици врз живиот свет во неа.

Случајот го пријавиле и кај надлежните инспекциски служби,  но немало никаква реакција.

„Реката како река во овој момент е запрена на некој начин се направи една барикада,  брана и нема никаков проток со тоа настанува уништување на растителниот свет во самото речно корито“, вели Златко  Цветаноски жител на Дебарца.

„Направена е еко катастрофа со тоа што реката е преградена,  дотокот на вода  е прекинат тоа можело да се реши со цефки да нема прекин на водата“, вели Борис Џајкоски еколог.No description available.

Доколку насипот  остане , голема е  опасноста  од поплави  на земјоделските посеви и објектите во близина на реката.

„Доколку настане зголемување на нивото на речното корито може да има опасност од поплавување на блиските ниви што се во околината и загрозување на населението што живее во близина“, додава Цветаноски.

Жителите на Дебарца  испратиле и допис до министерството за животна средина. Бараат итно отстранување на насипот или да се направи соодветен проток на водата во речното корито, во спротивно најавија  протести.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...