15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаСветВо Кина се појави нов стомачен вирус ''Норo Вирус''

Во Кина се појави нов стомачен вирус ”Норo Вирус”

spot_img

Во југозападната кинеска покраина Сичуан се шири норовирусот, со кој заразени се над 50 деца, јави агенцијата Анадолија.

<

– Вирусот се појави во градинка во градот Зигонг во покраината Сичуан, каде што децата пројавиле симптоми со повраќање, го цитира Анадолија „Глобал тајмс“.
Норовирусот е многу заразен вирус кој предизвикува повраќање и дијареа. Од вирусот, кој многу лесно се шири, може да се заразат лица на сите возрасти. Луѓето заразени со норовирусот можат да исфрлат милијарда честички на вирусот, а само неколку вирусни честички можат да ги заразат другите луѓе околу нив.

По епидемиолошките испитувања и тестови на нуклеинска киселина, Центарот за контрола на болести (ЦДЦ) потврди дека повраќањето е предизвикано од заразување со норовирусот.

– Сите деца се во стабилна состојба и се лекуваат во болница со благи симптоми, додаваат претставници на здравствениот оддел.
Во текот на минатиот месец вирусот се појави и во неколку училишта и универзитети во североисточната кинеска покраина Лиаонинг и северната кинеска покраина Шанси.

Засега нема вакцина против норовирусот.

Со норовирусот се заразуваат 685 милиони лица низ светот на годишно ниво и сè повеќе се појавува како проблем на јавното здравство во Кина.

– Во февруари 2019 година, кинеските власти одобрија клиничко испитување за првата тетравалентна вакцина во светот против вирусот. Вакцината, по четири години развој, теоретски може да спречи заразување со норовирусот од 80 до 90 отсто, јави новинската агенција Синхуа. (МИА)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...