10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаКандидатот за градоначалник на Штип: Доколку победам на изборите ќе доделам бесплатни...

Кандидатот за градоначалник на Штип: Доколку победам на изборите ќе доделам бесплатни заштитни маски за граѓаните.

spot_img

Кандидатот за градоначалник на општина Штип од редовите на СДСМ, Сашко Николов, пред воинредните локални избори на 13 декември вклучување на социјалните мрежи, рече дека ќе формира фонд од донации за бесплатни заштитни маски за граѓаните доколку победи.

<

– Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за донации и од општествено одговорните компании да собираме средства за секој наш граѓанин да има маска. Со црвениот крст ќе ги најдеме постарите граѓани, да им помогнеме во остварувањето на секојдневните обврски, рече актуелниот пратеник од владеачкото мнозинство.

Докторот од штипската болница денеска ја претстави својата програма и визија за градот Штип и рече дека ќе продолжат инвестициите во проекти важни за граѓаните, како што се реконструкција на најфреквентните сообраќајници, реконструкција и изградба на спортски објекти, реновирање на училишта и реализација на проекти за зачувување на животната средина.

– Желбата на сите нас е да имаме еколошки чист и безбеден град. Пред се да продолжиме со проектите кои се започнати во изминатие години. Да го направиме Штип – дом еднаков за сите, дом во кој ќе растат нашите деца. Штип го гледам како крстосница каде што се вкрстуваат сите патишта, магистрални, локални, експресни, град на современост, град на грижата, град што ќе продолжи да пулсира во духот на младите, во духот на културата, еколошки чист град. Штип е во сигурни раце и ќе продолжи да чекори напред заедно, порача Сашко Николов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...