15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаД-р Сашко Николов е новиот градоначалник: Штипјани заслужија бесплтани маски !!!

Д-р Сашко Николов е новиот градоначалник: Штипјани заслужија бесплтани маски !!!

spot_img

Само неколку минути по затворањето на гласачките места на локалните избори во Штип, почнаа да пристигнуваат честитки за новиот градоначалник, кандидат на СДСМ, д-р Сашко Николов.

<

Генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски му ја честиташе победата на Николов.

,,Победа во Штип“, објави на социјалните мрежи Николовски.

Според СДСМ, постигнат е потребниот цензус во првиот круг гласање за градончалник на Штип. Излезени се над 14.000 гласачи или 34, 05 насто од потребниот цензус.

Требаше да излезат половина од запишаните гласачи или 13.996.

Со исполнување на законскиот цензус, јасно е дека победата ја однесе кандидатот на СДСМ, бидејќи ВМРО ДПМНЕ ги бојкотираше изборите и немаше свој кандидат.

Сите други кандидати имаат мал бррој на освоени гласови.

„Штип е град на сите штипјани и тоа така ќе остане, кој од која политичка партија е тоа не не интересира, важно е дека СДСМ ќе го води Штип напредните 10 месеци и уште 4 години“, порача Николов.

Тој додаде дека како прва работа која ќе ја направи како градоначалник на Штип е тоа да формира фонд со цел секој граѓанин да добие заштитна маска по што, како што рече, ќе се зафати со сите инфраструктурни проблеми, но и со реализација на сите проекти кои се во тек.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...