11.2 C
Ohrid
среда, март 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПратениците на ВМРО-ДПМНЕ го попречија новогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го попречија новогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски

spot_img

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го попречија новогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски со транспаренти „Идентитетот се продава, Стево молчи“, „Не е мој претседател“, „Заев: Пендаровски не е искусен политичар“, а потоа ја напуштија собраниската сала.

<

Потпретседателот на партијата, Александар Николоски, за медиумите ја образложи постапката на пратениците од опозицијата.

– Стево Пендаровски докажа дека не е претседател на сите граѓани туку извршител на една политичка структура и на Зоран Заев. Со тоа Стево Пендаровски им сврте грб на македонските граѓани и затоа денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ му свртеа грб нему. Стево Пендаровски е прв кој кажа дека нашиот национален херој Гоце Делчев е Бугарин и со тоа ги урна македонските национални позиции, ја отвори Пандорината кутија и ги оневозможи историчарите на научна основа да разговараат за историјата, во преговорите за историјата внесе политика, и драматично ги поткопа темелите на македонската самобитност, македонскиот национален идентитет и самобитноста на македонскиот јазик и посебноста на македонската историја. Стево Пендаровски е претседател на државата кој не кажа ниту збор за изјавите на Зоран Заев дека бугарската војска била ослободител, дека тука имало администрација и дека бугарскиот и македонскиот јазик се едно исто. Стево Пендаровски е претседател кој не се консултира за стратешки работи што ѝ се предлагаат на Македонија како што е членството во ЕЕЗ. Стево Пендаровски без доказ за обезбедено мнозинство му го додели мандатот на Зоран Заев, со што го стави во привилигирана положба за составување влада кога и самиот Зоран Заев кажа дека нема обезбедено 61 патеник. Конечно, Стево Пендаровски е претседател на држава кој е нелегитимно избран затоа што се појави сведоштво на лидер на верска заедница кој рече дека гласовите за Стево Пендаровски биле купени, а за возврат му биле ветени пари и земјиште на скопското Кале. Затоа нема легитимитет да се претставува како претседател на Република Македонија, рече Николоски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ги продолжува замрзнатите односи со Пендаровски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Судот пресече: Капушевски во ,,Шутка”, Јахоски во куќен притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определуваме...

Деребан: Оддадовме почит и положивме цвеќе пред Споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи.

Оддадовме почит и положивме цвеќе пред Споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи. И по 82 година, не смее да се заборави холокаустот на Евреите...

По цели две децении, конечно во охридската општа болница се набавени нови хируршки инструменти.

По цели две децении, конечно во охридската општа болница се набавени нови хируршки инструменти.До сега хирурзите, гинеколозите и уролозитеработеле со стари и дотраени инстументи...

Малолетник со воздушна пушка убил куче во село Муртино

Здружението „Анимал Лаверс“ - Струмица со огромна загриженост ја информира јавноста за свирепото убиство на кучето Рекс, кое беше застрелано со огнено оружје во...