0.9 C
Ohrid
вторник, февруари 11, 2025
ПочетнаМакедонијаСтево Пендаровски: Ако соседите добиваат вакцини уште сега, ние не смееме да...

Стево Пендаровски: Ако соседите добиваат вакцини уште сега, ние не смееме да чекаме до март

spot_img

Претседателот на државата Стево Пендаровски во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија кажа дека Македонија не смее да ја добие вакцината во март додека земјите од регионот ја имаат порано.

<

 

Тој напомена дека Србија веќе од понеделник ќе ги добие првите 5.000 вакцини.

-Моите информации велат дека е точно дека Србија во понеделник ќе добие 5.000 дози од вакцината на Фајзер. Недозволиво е ние да чекаме до март за вакцината, ако другите околу нас добиваат претходно. Мораме да се снаоѓаме, од други земји членки, да потпишуваме договори.

 

Ако соседите добиваат вакцини уште сега, ние не смееме да чекаме до март, вели Пендаровски.

За потсетување во Србија вакцинирањето започнува од дом за стари лица. Агенцијата за лекови и медицински сретства, на Србија и дала согласност за увоз на Фајзерови вакцини. Компанијата Фајзер/Бионтек им ја предале на 2. декември на Агенциите за лекови и медицински сретства неопходната документација за регистрација на вакцини против новата болест во Србија.

Велика Британија е прва земја која официјално ја регистрирала Фајзер/Бионетк вакцина за употреба, а по неа тоа го сториле Канада, Бахреин и Саудиска Арабија. До 21. декември се очекува нејзина регистрација и во ЕУ, а вакцинација во земји на ЕУ започнува од 27. декември.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трајко Славески за синдикалната кошничка: Едно семејство има три, а не четири члена

Професорот и претседатавач со Советот на Град Скопје,Трајко Славески,со објава на Твитер ја оспори синдикалната месечна потрошувачка кошниц, која покажува колку пари се потребни...

Четири лица, од кои тројца полицајци, повредени во сообраќајка кај Струга

Четири лица, од кои тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата...

Тик-Ток ќе се забрани во Македонија ако некоја појава од инцидент прерасне во пракса, рече Андоновски

Ќе се пристапи кон забрана на „Тик-ток“ ако некоја појава од инцидент прерасне во пракса. Ова го изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски,...

Мвр на терен: Го претепале па му ги одзеле патиките и јакната !!

Денеска во СВР Скопје, 54-годишната Љ.П. пријавила дека нејзиниот малолетен син бил ограбен од непознати лица во периодот од 01.30 до 04.20 часот откако...