12 C
Ohrid
петок, мај 7, 2021
Почетна Свет Прекрасна вест: Вакцината реагира и на новата варијанта на коронавирусот

Прекрасна вест: Вакцината реагира и на новата варијанта на коронавирусот

Translate (Eng):[gtranslate]

Главниот британски научен советник Патрик Воленс денеска изјави дека вакцините против ковид-19 се адекватни во генерирање на имунолошки одговор и на новата, пренослива варијанта на коронавирусот.

Воланс, исто така, изјави пред новинарите дека се потребни повеќе мерки за јавно здравје за да се држи под контрола новата варијанта на вирусот.

Неговата изјава доаѓа кратко време откако премиерот Борис Џонсон најави поостри рестриктивни мерки за Лондон и југо-истокот на Англија.

РЕКЛАМА

Една нова мутација, потврдена во областа на јужна Велика Британија, се шири побрзо од претходната варијанта на коронавирусот, потврди пред неколку дена британскиот министер за здравство, Мет Хенкок.

Досега илјада луѓе биле заразени со мутираниот коронавирус, објави Дојче веле. Сепак, тоа не значи дека оваа нова варијанта е поопасна, додаде Ханкок.

Според него, засега може да се претпостави само дека сегашното зголемување на бројот на нови инфекции навистина има врска со новата варијанта.

- Реклами -