3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаEкс директорот на АЕК Ордановски: Јас дома правев ручек, а мојата фотошоп...

Eкс директорот на АЕК Ордановски: Јас дома правев ручек, а мојата фотошоп барбика секој ден одеше во салон за убавина…

spot_img

Целата јавност на големо зборува за синоќешната објава на Фејсбук на Роберт Орданоски, поранешниот директор  на АЕК, кој јавно раскажа дека неговата сопруга Агнеса решила да стави крај на нивниот брак и ја нарече фотошоп барбика.

Орданоски кој е сега вработен како инженер во МЕПСО, во моментов е на зимување со двете ќерки на Пелистер, за кои вели дека се центар на неговиот свет.

За Женски магазин, Орданоски ја раскажа целата приказна за разделбата од сопругата, која како што вели, дошла одненадеж и сè уште е во шок од нејзината одлука. 

Ордановски ја раскажува и љубовната приказна со мајката на неговите ќерки од која е 15 години постар. Разликата во години, вели тој се трудел успешно да ја менаџира.

„Вчера, на 13 Јануари, беше 17-тиот роденден на постарата ќерка, Вивиен. Преголемите емоции кои ги чуствував тој момент, кој требаше да биде семеен, но испадна да биде без мајка ѝ, по нејзина желба, доведоа  емоциите да ги споделам со сите, без намера да подигнам прашина, но сепак, да укажам на некои девијации во нашето општество поттикнати од разноразни ријалити емисии, каде девојките се натпреваруваст која повештачки ќе изгледа, притоа занемарувајќи го основниот фундамент на секое општество, а тоа е семејството. Во таков филм, за жал, упадна и мојата сопруга Агнеса, која сè повеќе време си посветуваше на себеси, сè помалку на нас тројца. Секојдневни третмани на фризери, козметичари, итн, секојдневно фотографирање и постирање фотографии со цел добивање лајкови и нејзина глорификација, мене ми изгледаат погрешни за здравјето и функционирањето на едно семејство, уште повеќе што јас сум скромен човек и ги учам моите ќерки да бидат такви“, вели Орданоски за Женски магазин.

Екс директорот на АЕК нагласува во интервјуто дека потекнува од семејство на интелектуалци. Вели дека татко му бил правник – судија, а мајка му професор по книжевност, брат му инжинер по информатика.

„Секогаш сме живееле скромно и сме ги негувале семејните вредности пред сè. Секогаш било битно семејството да биде заедно на ручек, на вечера, тоа се обидував да биде пракса и во моето семејство. Сепак, поради обврските на Агнеса секој ден после работа да оди во салон за убавина, семејниот ручек се сведуваше на мене и ќерките, кои се центарот на мојот свет. Сепак, преминував преку тоа, за да задржам мир во семејството. Се до денот недела, 10 јануари, кога ме викна да разговараме: ‚Решив да се разведам, оладена сум, децата ќе бидат со мене, ти ќе ги гледаш кога сакаш. Од неделата до средата на секој начин се обидував да ја смени одлуката, буквално ја молев, сепак залудно, нејзиниот став беше цврст дека крајот е тука. Одамна планиравме да отидеме неколку дена на некоја планина, децата поради онлајн наставата се постојано дома, сакав да ги изнесам малку на воздух, затоа и земав годишен одмор од компанијата во која работам. Планиравме да одиме во понеделник, на 11 јануари, сепак после разговорот во неделата вечер испадна дека во хотел ‚Молика‚ на Пелистер ќе одам сам со ќерките и дека роденденот на постарата ќе го славиме без нејзината мајка“, раскажува емотивно Орданоски за Женски магазин.

 

Во Агнеса, како што се присетува, се вљубил на прв поглед во јуни 2002 година, истиот месец започнале врска, а во април 2003 ја носел на неговото наградно патување за менаџер на годината од „Т-Мобиле“ во Рим, од каде што се вратиле со најубавата вест што човек може да ја добие – Агнеса била бремена со ќерка ни Вивиен.

„Во септември истата година се земавме, во јануари се роди Вивиен. Тој период бев директор во Т-Мобиле, со исклучително добри резултати во работата, за што постојано бев наградуван од странскиот и нашиот менаџмент на компанијата. Во 2010 година станав директор на АЕК, во март во 2012 се роди втората ќерка Тифани, мојот живот ја доби најдобрата содржина што еден маж и татко може да ја има. Минатиот септември правевме 17 години брак, во декември Агнеса наполни 37 години, големата разлика во години, 15, се обидував да ја менаџирам на начин да и јас се однесував како да имам 37 години, излегувавме и се дружевме со нејзини другари и другарки. Сè до кобната недела, што се случи и зошто, искрено, не знам, мислев дека имам идеален брак, а така мислеа и сите што не познаваа“, објаснува Орданоски.

 

Од ова искуство уште е во шок.

 

 

„Не знам сè уште што ќе научам, знам само дека Агнеса ме уби без испукан куршум, ќе се обидам барем децата да не страдаст и да имаат два функционални родители … Но, едностраната одлука на Агнеса и неоставањето простор за разговор, компромис, не ми остава многу надеж за тоа .. Знам дека нема спогодбено да се разведам, ќе се борам за децата до последниот атом сила во мене …“, раскажува Орданоски за Женски магазин.

Целото интервју можете да го прочитате на овој линк. 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...