14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаПазарен инспектор уапсен во Трубарево од полицијата оти пиел во кафана по...

Пазарен инспектор уапсен во Трубарево од полицијата оти пиел во кафана по 21 часот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидер дознава дека инспектор  од Државниот пазарен инспекторат бил уапсен  од страна на полицијата, откако бил затекнат како гостин  во угостителски објект по работното време ( 21 00 часот)  во саботата во локалот Снеки бар во населба Трубарево.

<

Инспекторот со иницијали  З. Ј  истата вечер бил на работна задача да ги контролира угостителските објекти и дали тие ги  прекршуваат  мерките од Ковид 19,  но  наместо контрола во неговиот реон, тој се гостел и пиел во кафаната.

Оваа информација ни ја потврди и директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски. Тој на Економски Лидер вели дека , пазарниот инспектор  вечерта во саботата е приведен и пуштен од страна на полицијата.

Информацијата е точна, затоа инспекторот е  суспендиран од работното место и во моментов човечки ресурски од Пазарниот инспекторат го чекаат да дојде и да го подигне решението, изјави Пауновски.

Во исто време, објектот каде што бил инспекторот е затворен од страна на Пазарниот испекторат, поради прекршување на мерките против Ковид 19.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...