9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаТрајановски- На Шилегов му оставив полна каса со 21 милиони евра а...

Трајановски- На Шилегов му оставив полна каса со 21 милиони евра а тој ништо не направи

spot_imgspot_img

Коце Трајановски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во емисијата Филибастер на Радио Лидер, рече дека кога заминал од градоначалничката функција на Град Скопје, оставил полна каса пари, како и потпишани договори за капитални прокети и проекти во тек на изградба, но и проекти кои во голем дел биле целосно завршени.

– Му оставив полна каса пари, милијарда и 250 милиони денари или околу 21 милион евра и дополнително 4 милиони евра кои се побарувања од Владата за учеството за изградбата на спортската сала „Борис Трајковски“. Прибира некаде околку 35 до 40 милиони евра, од тие веќе 25 милиони му оставивме во касата. Имаше потпишано договори за капитални проекти, му оставив проекти во тек на изградба, исто така околу 20 проекти во документација, во најголем дел целосно завршени, а одреден дел беа распишани тендери за тие проекти – вели Трајановски.

Трајановски смета дека дури сегашниот градоначалник Петре Шилегов и ништо да не работел, администрацијата ќе можела да ги заврши тие проекти, како што впрочем во овој период биле завршени.

– Во прво време велеше дека Трајановски не ми остави никакви проекти, па после извесно време рече да остави, но не се добри, на крајот излезе дека по тие проекти ги распиша тие тендери и ги заврши. Немаше шанси да ги заврши ако не беа тие проекти готови – додаде тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...