5.2 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаОд „браво“ до Сами си го барате, после ѓавол ви е крив“:...

Од „браво“ до Сами си го барате, после ѓавол ви е крив“: Овие неколку издвоени коментари од социјалните мрежи се доволни за да се сфати каква атмосфера таму владее по објавувањето на видеото на Ана од Кавадарци.

spot_img

Сами си го барате, после ѓавол ви е крив“, „Што мајка барате да се сликате во бикини и да се објавувате“, „браво храбра девојко!“, „поддршка за тебе, не си сама“ „зошто оставате телефонски броеви“, „ку*ва“, „за ова е потребна смелост, браво!“ „сега сите се прават жртви“, „провоцирате, па потоа се жалите“, „глава горе девојко“…

<

И овие неколку издвоени коментари од социјалните мрежи се доволни за да се сфати каква атмосфера таму владее по објавувањето на видеото на Ана од Кавадарци, девојката која одлучи да каже јавно со што се соочила откако нејзина фотографија се нашла во групата „Јавна соба“ на платформата „Телеграм“.

„Јас сум Ана, една од девојките која што беше објавена во Јавна Соба”. Сликата беше симната од Инстаграм и над неа имаше оставено мои лични податоци и мој телефонски број и надолу опис од некоја личност, која сакала на некој начин да ми наштети или го направила тоа за забава. Ова е сликата која некој ја злоупотребил.

 

Сакам да им се обратам на сите девојки кои во минатото се соочиле со вакво нешто или во моментов се соочуваат или можеби во иднина, се надевам нема, но сакам да порачам дека ова не е ваш срам, туку на некој што сака да ви наштети. На некој намерата му е да се повлечете, да не излегувате надвор, да немате социјален живот, да си ги нарушите односите со фамилијата, партнерот, пријатели, на работа, да паднете психички – немојте да дозволите, главата горе, не сте вие виновни што користите социјални мрежи, да поставувате слики, туку оние кои тоа го злоупотребуваат!

Почнав да добивам пораки и повици на мојот мобилен, на Вајбер, на Ватсап, на Месинџер и на Инстаграм. Не знаев што се случува и од каде доаѓа тоа. Се додека наредниот ден не добив „скриншот“ од мојата слика, зашто таа слика не само што беше објавена во „Јавна соба”, туку е препраќана и на други места.

Не знаев што да правам, испаничив, се преплашив, никогаш не сум доживеала такво нешто. Отидов во оддел за сајбер криминал да пријавам. Им ја покажав сликата, ги покажав пораките и повиците, дека имам со име и презиме луѓе кои ми пишуваа и ѕвонеа.

Кога слушнаа дека сум полнолетна, рекоа дека законот во нашата држава не може ништо да направи, бидејќи е само за малолетници. Бев беспомошна и бесна. Не знаев каде да се обратам. Изгубив секаква надеж, се разочарав. Малку се повлеков, еден ден, но потоа продолжив со животот, иако пораките и повиците не престанаа и уште не се престанати. Кое ниско ниво на морал е тоа?

Единствено што можам да кажам е дека беше доста, претходно имаше многу жртви во вакви ситуации, ова треба да престане. Треба да се донесе закон што ќе не штити од ваков криминал. Секој еден може за нас да објави и напише што сака. Доколку се случи такво нешто на некоја ваша блиска личност, немојте да осудувате, но немојте и да молчите.FASHIONEL

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Делата зборувааат за него: Градоначалникот Ногачески горд на реализираните проекти- Во 2025 година не очекуваат уште поголем број на нови проекти.

💁По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021...

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието. Тој, како...

Вечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и...

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Јана Манева Чупоска на социјалните мрежи објави дека починал нејзинот татко, познатиот сликар Коле Манев. Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, Егејска...