30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаСветОд Ковид почина стогодишниот Британец, кој собра 39 милиони фунти за борба...

Од Ковид почина стогодишниот Британец, кој собра 39 милиони фунти за борба против короната

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стогодишниот капетан Том Мур, ветеран од Втората светска војна, кој собра 39 милиони фунти за борба против коронавирусот, почина откако се раболел  токму од коронавирус.

<

“Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот драг татко, капетанот сер Том Мур. Ние сме многу благодарни што бевме со него во последните часови од неговиот живот”, велат неговите ќерки Хана и Луси, пишува Гардијан .

“Со часови разговаравме со него, сеќавајќи се на нашето детство и нашата прекрасна мајка. Делевме смеа и солзи. Тој беше неверојатен татко и дедо и ќе остане жив засекогаш во нашите срца “, рекоа тие.

Мур бил примен во болницата Бедфорд во неделата откако подолго време бил лекуван од пневмонија и минатата недела е позитивен на тест за ковид-19.

Во изјавата објавена на неговиот профил на Твитер истиот ден, неговото семејство соопштило дека тој се лекувал дома до неделата кога му требало дополнителна помош при дишењето.

Портпарол на семејството на Мур претходно за Би-Би-Си изјавил дека Мур не примил вакцина против коронавирус поради лековите што ги земал против пневмонијата.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...