25.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЖан Митрев до Филипче: Зошто не објавите колку умреле од Ковид 19...

Жан Митрев до Филипче: Зошто не објавите колку умреле од Ковид 19 и од другите приватни болници? Кај нас процентот е 5 отсто!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По вчерашниот извештај на Министерството за здравство за бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19, како и за бројот на починати, во кој беше наведено дека од 20 починати пациенти, 14 починале во „Жан Митрев клиника”, денеска со протестно писмо до Министерството реагираа од Клиниката и изразија незадоволство „во поглед на начинот на презентирање на бројките”. Од Клиниката на Жан Митрев очекуваат одговор од Министерството.

<

„Надвор од секаков контекст во дневниот извештај 6еа цитирани статистики кои се однесуваат на вкупните месечни бројни на починати и тоа исклучиво од Клиничката болница Жан Митрев, без притоа да бидат споменати или наведени месечните бројки на останатите институции, како државни, така и приватни. Истото ова соопштение беше преземено и објавено во реичиси сите медиуми”, се вели во писмото од Клиничката болница Жан Митрев.

Клиниката смета дека сериозно е доведена во прашање објективноста и непристрасноста на Министерството и дека како на единствено цитирана болница ѝ е нанесена штета на реномето.

„Бројките од анализата на смртни случаеви покажува нешто сосема друго. Согласно податоците кои се јавно достапни во Институтот за јавно здравје резултатите се следни: Од вкупниот број на сите починати во јануари кој изнесува 328, поточно во наведениот период од 4 до 31 јануари изнесува 286, во Жан Митрев се 14. Пресметано во проценти тоа изнесува 4,9%. Ако земеме предвид дека од почетокот на пандемијата бројката на вкупно починати е 2893, процентот на вкупно починати во нашата институција е 5%. Клиниката Жан Митрев како институција од самиот почеток на пандемијата секојдневно се бори за животите на најтешките пациенти, па дури и оние од кои сите останати се откажале. Уште од самиот почеток на пандемијата ги ставивме на располагање нашите капацитети за интензивно лекување, а нашите методи на третирање на најтешките облици на болеста се публикувани, цитирани и признати во светски рамки”, се наведува во писмото.

На крајот од Клиниката велат дека очекуваат соработка и бараат Министерството за здравство транспарентно да ги објави споредените бројките на сите институции и „истите да ги испратите до медиумите со извинување за настанатата ситуација”.
денешен весник

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...