12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаГоспод да не чува со вакво здравство: Невработен доктор извршил царски рез...

Господ да не чува со вакво здравство: Невработен доктор извршил царски рез во Битола

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скандал го тресе одделението за гинекологија во Битолската болница. Суспендирани се двајца лекари – гинеколози, откако еден од нив си ја повикал сопругата која е невработен гинеколог, странски државјанин да учествува во породување жена со царски рез. Извори од одделението за Гинекологија за „Независен“ откриваат дека скандалот се случил на почетокот на јануари, кога помладиот од гинеколозите ја внел сопругата во родилната сала. Двајцата вработени гинеколози биле во салата, но наводно работата ја препуштиле на сопругата на помладиот гинеколог.

<

По ова еден од вработените во Гинекологија се јавил во полицијата и го пријавил случајот. Извори од СВР Битола, неофицијално ни го потврдија настанот и велат дека се подготвуваат кривични пријави за двајца лекари гинеколози.

Инаку, според наши извори од болницата, операцијата на родилката била успешна, па наводно тоа било причината што семејството не реагирало, но затоа пак реагирале други лекари кои случајот го пријавиле во полиција.

Инаку, еден од суспендираните лекари гинеколози е Гоце Чакаровски, поранешен заменик-министер за здравство и национален координатор за здравство во владата на Зоран Заев. Во изјава за „Независен“ тој не даде прецизно објаснување како се случил настанот, но ни потврди дека е суспендиран. „Случајот е во процедура. Додека не одлучи дисциплинската комисија немам што да коментирам. Кај мене нема вина. Меѓутоа, тоа е тоа“, ни рече Чакаровски.

По ваквиот скандал во Гинекологија, извори од ова одделение велат дека Управата на болницата донела писмена наредба во која им забранува на лекарите гинеколози кога не се на смена да доаѓаат на работа, да прегледуваат и да оперираат пациенти. И дека во операциската сала сала можат да влегуваат само гинеколози и вработени кога се на смена.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...