10.6 C
Ohrid
недела, април 11, 2021
Почетна Историја Правoславните верници го одбележуваат Свети Трифун – заштитник на лозарите и градинарите

Правoславните верници го одбележуваат Свети Трифун – заштитник на лозарите и градинарите

Translate (Eng):[gtranslate]

Верниците денес го слават Свети Трифун, денот на виното.Ден кога снегот почнува да се топи. Овој празник е познат по традиционалното обредно закројување на лозјата.

Се верува дека Свети Трифун е заштитник на лозарите и градинарите и дека ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), Свети Трифун се празнува на 14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар.

Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во црквата каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата при што го изведувале и обредното закројување.

РЕКЛАМА
- Реклами -