6.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаД-р Добринка и медицинската сестра Габриела се првите кои примија вакцина против...

Д-р Добринка и медицинската сестра Габриела се првите кои примија вакцина против ковид-19 во земјава

Вакцинацијата против ковид-19 во земјава почна денеска во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и предвидено е во текот на денот да се вакцинираат 260 здравствени работници

Примариус д-р Добринка Наунова-Јовановска од Инфективната клиника во Скопје е првото лице кое во земјава прими вакцина против ковид-19. Таа вели дека се чувствува добро и ги повика граѓаните да се пријават за вакцинирање. Веднаш по неа, вакцината ја прими и главната медицинска сестра од Инфективната клиника, Габриела Темелковска.

Вакцинацијата против ковид-19 во државава почна денеска во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и предвидено е во текот на денот да се вакцинираат 260 здравствени работници.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека со стартувањето на вакцинацијата почнува и официјалната борба против коронавирусот.

„Денеска продолжува вакцинацијата на сите вработени на Инфективната клиника. Следуваат вработените во сите ковид-центри, најпрво тука од Скопје, од ГОБ ‘8 Септември’, Институтот за белодробни заболувања во Козле, интерните клиники… За време на викендот и болниците ширум државата и приватните болници“,рече Филипче.

Вакцинацијата стартуваше со вакцините на „Фајзер“, кои земјава ги доби од Србија. Како што најави Филипче, во вчерашниот разговор со претставници на „Фајзер“ му било најавено дека следната количина од 4 000 дози ќе стигне следната недела, што значи дека сите пријавени за првиот бран на вакцинацијата ќе бидат вакцинирани, а тоа се 4 000 здравствени работници кои работат со ковид-пациенти.

„Многу е важно граѓаните да се свесни дека вакцините се безбедни, без разлика од кој производител доаѓаат, дека се развиени на безбедни платформи и ова е единствениот начин да ние ја смениме сликата на пандемијата, не само ние туку сите земји во светот“,рече Филипче.

Филипче ќе се вакцинира кога ќе пристигне втората пратка вакцини

Според него, здравствениот систем добро функционира. Ќе се почнува со земање анамнестички податоци, краток преглед, административната работа, внесување на податоците за веќе закажаниот термин и закажување на следниот термин за ре-вакцинацијата после три недели.

„Тука е поставена целата инфраструктура, дел од вакцините се чуваат и во овие фрижидери во модуларната болница. Може да седат до 5 дена на температура од 2 до 8 степени, после што се раствораат и во рок од 5 часа мора да се аплицираат на тие што ја примаат. Ова е еден систем којшто исто така беше дел од тренингот. Посакувам успешна имунизација, направивме организација – еднаш кога ќе започне имунизацијата да не запре. Ги очекуваме и следните количини според најавите и верувам дека во следните месеци ќе имаме навистина успешен процес на вакцинација“,рече Филипче.

извор 360 Степени 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...